„Јасно и отворено сум кажувал и ќе повторам, за мене постојат три свети работи, кои ги негувам во мојот живот – тоа се семејството, Струмица и Македонија. Ова свето тројство ќе го чувам као зеница во окото и нема да дозволам некој Христијан Мицкоси да ми го чепне“, порача портпаролот и член на Извршниот одбор на СДСМ – Костадин Костадинов, на трибината „На прав пат“ во Струмица.
„Вие сте ми мотивација, вие сте моторот кој гарантира дека на 12 април ќе им покажеме каде им е местото… Струмица е град на борба, непокор и од оваа светла точка срушивеме режим и сега ќе добиеме убедлива победа на 12 април“, додаде тој.
Во обраќањето Костадинов истакна и дека за 2 години ја направиле државата членка на НАТО, добиле потврда од лидерите на ЕУ дека Северна Македонија си ја завршила работата, а Франција направила историска грешка. Тој го обвини Мицкоски дека е единствениот што навивал да не започнат преговорите и дека опструира сѐ што е добро.
„Нема да успеат, и на раце да одат, ниту да ја сменат СДСМ, ниту да ги опструираат мерките што живот значат… Нема да дозвoломе клонот на избeганиот кpиминалец во Будимпешта да дојде овде и да ни нуди некакви обнови, а тие сакаат само да ја обноват опашката на бикот“, додаде тој, потенцирајќи дека има разлика меѓу „кpиминалот на ВМРО-ДПМНЕ и политиките на СДСМ“ – СДСМ ги враќа парите кај граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ, според него, само гледа како парите да течат во нивните џебови.