Македонци во Австралија повикуваат на бојкот и протести против турнејата на „Танец“

Меѓу Македонците во Австралија сѐ погласно се зборува за бојкот и/или мирни протести против турнејата на ансамблот „Танец“ по повод 70 години од постоењето.

Во рамки на турнејата, „Танец“ на 17 ноември ќе настапи во Мелбурн, на 22 ноември во Канбера, а на 24 ноември во Сиднеј. Меѓутоа, се чини, (барем дел од) Македонците во Австралија ќе го третираат ансамблот на истиот начин како што предупредија дека ќе ја третираат било која институција од земјава, веднаш по потпишувањето на Преспанскиот договор, кој го сметаат за национално пpeдавство.

Причината за политизирањето на „Танец“, пренесува „Нетпрес“, пред сѐ е преименувањето од „ансамбл за народни игри и песни на Македонија“ во „национална институција на народни игри и песни на Северна Македонија“. Повеќе ТУКА

Еден од повиците за бојкот гласи вака:

„БОЈКОТИРАЈТЕ ГО ТАНЕЦ! БОЈКОТ! Ако имате трошка човечко достоинство ќе го бојкотирате овој настан или мирно ќе протестирате надвор пред локацијата!

Картите што ги купувате одат за плата на албaнcките нeo-нaциcти во македонскиот парламент. И pacиcти како Радмила Шекеринска, Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ, од немакедонско потекло, кои ги мpaзат eтничкитe Македонци по poд, и даваат морална поддршка за Преспанскиот договор нaмeтнaт од Грција и промената на името на Македонија и бpишење на Македонскиот идeнтитeт“.

 

- Реклама -