Шилегов: Трамвајот на водород ќе пристигнува на секои 4 минути

„Електричниот трамвај на гуми“, кој го најави премиерот Заев, ќе се движи на систем на водород кој ќе продуцира електрична енергија, а единствен нуспродукт ќе биде водена пара, односно ќе има нула штетни емисии во воздухот, објасни градоначалникот на Скопје – Петре Шилегов, во обраќањето по повод две години од почетокот на неговиот мандат, пренесува „Фокус“.

Шилегов најави 24 метарски возила и дека возило на станица ќе пристигнува на секои 4 минути. Трамвајот ќе биде целосно издвоен од останатиот сообраќај, додаде тој.

Како што најави и Заев, изградбата на инфраструктурата и набавката на возилата ќе чини околу 100 милиони евра, за кои, според премиерот, ќе биде подигната кредитна линија.

- Реклама -