Во Ростовската област во Русија пронајден е тенк од моделот „Ladoga“, познат и по прекарот „возило на нуклеарната апокалипса“, пишува „Росијскаја Газета“.
Според порталот, произведени биле вкупно пет модели. Овие возила се нарекувале и „тешки/оклопни лимузини“, бидејќи предвидено било да се користат како командно-штабски возила за високите воени и политички функционери на Советскиот сојуз.
Тенковите од овој модел, кои собираат до шест луѓе, биле добро заштитени од оружјата за масовно уништување односно нуклеарните оружја, што ги прави еден вид подвижен бункер, поради што и тежат по 42 тона.
Конструкторите од Ленинград го опремиле ова возило со моќни вентилациски и клима-уреди, а меѓу другото, овие тенкови ги поседувале и најновите тогашни системи за комуникација и набљудување, телевизиски камери и уреди за контрола на животната средина.
Првиот бил направен во почетокот на ’80-тите години, базиран на шасијата на тенкот Т-80 и моторот GTD-1250. Можеле да се движат со брзина до 80 км/ч.
Возилото било тестирано во 1986 година во Чернобил, со цел извидување на околината. Подоцна врз основа на тие тестови се правени модерните обрасци на тенкови.
Сепак, од фотографииве во продолжение ќе ви стане јасно за какво нетипично удобно возило за тоа време се работи.
Повеќе фотки ТУКА.