Златев: Ќе им кажам дека снимката за Дудуш ми ја дал човек што личи на Зоран Заев

Денеска на пладне, новинарот Љупчо Златев бил повикан во МВР по барање на Основното јавно обвинителство, поради тоа што порано годинава, како уредник на порталот „Лидер“, ја објави снимката на која се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари – Курто Дудуш, навpeдyва и yдиpa човек држен во просторија со заклучена врата.

Како што истакна Златев во изјава за „Алфа“ по завршувањето на распитот, и полицајците му потврдиле дека неговото повикување не е по нивна иницијатива, туку морале така да постапат по барање на Обвинителството.

Во разговорот со полицајците, тие се обиделе да дознаат кој му ја дал снимката. Златев, меѓутоа, како што вели тој самиот, одбил да го открие својот извор дури и по цена да биде самиот тој кривично гонет и им кажал дека УСБ-то го фрлил на дното на Вардар.

Спроед Златев, иронично е што наместо од Курто Дудуш, како функционер на власта, Обвинителството бара од него да одговара за објавување на снимката. Тој го обвини републичкиот обвинител Љубомир Јовески дека е во спрега, па дури и во љyбoвна вpcка со власта:

„Државниот обвинител Љубомир Јовески, кој е во буквална љубовна врска со власта, уште еднаш прави притисок врз слободното новинарство – наместо да се гoни тeпaчoт, се гoнaт оние кои објавиле за тeпaњeтo. Јас останувам да се борам за моите принципи!“, напиша Златев на Фејсбук.

„Навистина ми е нејасно како во една земја која за себе вели дека е демократска, да се случуваат вакви работи“, рече новинарот.

Златев додаде и дека ако биде повикан и во Обвинителството, за да го открие изворот, ќе им кажел дека човекот многу личи на Зоран Заев. „Па да видам тогаш како ќе реагираат“, порача тој.

- Реклама -