Премиерот Зоран Заев ги потсети граѓаните на Прилеп, дека минималната плата кога дошле на власт била 9.000 денари, а денес изнесува 14.500 денари.
Заев порача дека вгодина граѓаните ќе добијат уште едно зголемување на минималната плата.
Тој додаде дека „нашата татковина припаѓа на ЕУ и затоа не прифаќаме никакви алтернативни решенија, како парнерства или посебни статуси“.
„Сакаме да си ја почитуваме нашата култура, којашто е составен дел од европската култура. Сакаме во ЕУ затоа што не сакаме сиромашни луѓе. Сакаме во ЕУ затоа што сме европејци, работиме за тоа право и јас ве уверувам, ние ќе добиеме одлука за почеток на преговорите. Затоа што со ништо помалку ниту се согласуваме ниту прифаќаме. Ние припаѓаме на Европа и ги имаме истите права како и земјите членки на ЕУ и нема да го компенизраме тоа со друго право. Нема друг освен патот кон ЕУ, тоа е вистинскииот пат“, рече Заев.