Екс министерката за култура Ганка Цветанова бара апологетите на власта да не му испраќаат отровни стрели на францускиот амбасадор за тоа што ја говори вистината.
“Кога му се лутите на Тимоние всушност си се лутите на самите себе зошто поверувавте во приказната за Преспанскиот договор и нереалните, лажни ветувања. Тимоние само брутално искрено ни кажа “where do we stand”. И јас му благодарам за тоа”, пишува Цветанова.
Со постот Цветанова ја артикулира позицијата на македонската опозициска јавност без да фаќа сеир за блокираниот пат кон ЕУ за што целата одговорност е кај власта.