Захариева: Не Бугарите, туку Македонците треба повеќе да се грижат за решавањето на историските прашања

Не Бугарите, туку Македонците треба повеќе да се грижат за решавањето на историските прашања, рече министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева за бугарската приватна телевизија БТВ.

Нашата историја нема кој да ни ја украде, за нив е поважно да си го испитаат сопственото минато“, рече Захариева.

Бугарската министерка рече и дека „одложувањето на преговорите со Северна Македонија е голема грешка за Балканот“.

„Македонија заслужува да почне. Почнувањето не е крај, напротив“, рече таа и додаде дека Бугарија отсекогаш била „за Северна Македонија во ЕУ, без разлика на сè“.

Таа повтори дека Бугарија кажала силно „за“ членството на својата западна сосетка.

- Реклама -