Франција има нова идеја за Балканот

Франција има нова идеја, a претседателот Емануел Макрон му нуди специјално партнерство на Балканот.

Земјата започнала неофицијални дипломатски консултации за да на некои земји од Западен Балкан им понуди привилегирано специјално партнерство.

На земјите од Западен Балкан би им била дадена финансиска помош, посебни аранжмани за пристап на европските пазари и други бенефиции, во замена за тивко откажување од полноправно членство.

Јан Маринус Виерсма пак од холандскиот Институт за меѓународни односи предлага воведување „пробно членство“ за земјите од Западен Балкан во ЕУ во траење од две години.

Виерсма вели дека треба да се воведе поинаков систем на надгледување на реформите во земјите кандидати во регионот.

На Македонија и Албанија ЕУ ќе се наврати на самитот во Загреб напролет.
Земјите членки ја критикуваа Франција за ветото и сметаат дека е направена историска грешка затоа што за Македонија и Албанија во Брисел не беше даден датум за старт на преговори.

Кристијан Тимоние, францускиот амбасадор во Скопје, најави дека Макрон ќе допатува во Скопје и Тирана за да ја објасни методологијата на проширување како концепт, кој засега останува поим кој не е доволно јразјаснет за Европа и за земјите од Западен Балкан.

- Реклама -