Куновска: Функционери блиски со врвот на СДСМ паразитираат на грбот на партијата

Земјата имаше ретка шанса да се упристои по многу основи, но за жал, шансата за СДСМ е пропуштена. Во оваа влада посилен впечаток на чесни професионалци оставија Царовска и Димитров, кои не се дел од СДСМ, отколку кој било нејзин претставник. Со своето чесно, одговорно и пристојно поведение од редовите на СДСМ предничеше Тевдовски, а се издвојува и Спасовски. Во нејзин стил, смирено ама со емоции, Софија Куновска во интервју за Фактор отворено зборува за случувањата во нејзината партија, која сега доста ја критикува. На социјалните мрежи, погласно, ама не и пречело тоа да го зборува и таму – сепак вели партијата веќе не е демократска. За лидерот Зоран Заев смета дека ја води партијата како да е акционерско друштво, а жали што граѓаните заслужуваа повеќе, а добија помалку.

„За жал, мислам на тоа дека дишеме отров, дека во нашите бели дробови се таложи изгорена гума и пластика, а на ниту еден одговорен за тоа не му фали влакно од главата. Поединци печалат огромни суми од производства што користат недозволени енергенси, а нивните деца го дишат истиот загаден воздух. Се прашувам како е можно милионите да им се позначајни од животите на нивните деца, емотивно одговара Куновска. Човек од културата, но е познавач на политиката. Во разговорот дава своја слика на актуелните процеси во земјава.

Македонија не доби датум за преговори за членство во Европската Унија, по што лидерите се согласија да има брзи избори напролет. Како го доживувате овој развој на настаните и кои се вашите очекувања?

Куновска: Факт е дека внатрешните проблеми на ЕУ на најнепосакуван начин се прекршуваат врз грбот на Македонија. Развојот на настаните и целата драма што се одвива во Брисел деновиве остава надеж дека сепак е можно нешто да се прекрши во наша полза. Независно од сето ова, заради нас самите, чесно е да си признаеме дека Македонија не се наметна со реформите на начин кој ќе истисне каков било простор, некоја земја членка да го проблематизира датумот за почеток на преговори со ЕУ. Иако одговорот е спакуван во друга обланда, уверена сум дека криминалот и корупцијата, отсуството реформски дух и посветеност се елементи кои се вкалкулирани во ваквиот исход. Изборите пак, не се брзи. Заедно со процесот на формирање на влада, земјата ќе биде парализирана наредните 7 месеци. Потоа се неопходни неколку месеци за да видат кој каде е и зошто. Следат летните одмори, што значи, некаде догодина ова време можеби ќе се разбудиме од овој лош сон. Загубена година за сите нас.

Целото интервју на ФОКУС

- Реклама -