Роботски костим ќе им помога на работниците во Фукушима

Истражувачи од Јапонија го претставија нивната најнова верзија на нивниот роботски костим HAL – Hybrid Assistive Limb.

Она што ја прави оваа верзија на костимот доста уникатна е што може да биде опремена со мрежа сензори кои ги набљудуваат електричните сигнали кои доаѓаат од мозокот на корисникот и им дозволува лесно контролирање на движењето на костимот. А фактот што костимот е опремен со заштита од радијација, истражувачите се надеваат дека костимот ќе им помогне на работниците кои го расклопуваат нуклеарниот реактор во Фукушима.

Според Cyberdine, компанијата која го создаде HAL, сензорите кои го активираат егзоскелетот ќе работат во согласност со движењата на работникот. А бидејќи костимот ја носи целата тежина корисникот нема да чувствува стрес врз своите мускули. Ова е особено важно за јапонските работници бидејќи тие мора да носат елек од тунгстен кој тежи 60 килограми додека се во зона со висока радијација.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Дополнително, костимот е опремен со вентилатори кои го циркулираат воздухот а сет сензори го набљудува пулсот и дишењето за да забележи знаци на замор. Но како што забележува Адам Вестлејк, костимот може да создаде неколку неочекувани опасности: „Иако HAL костимот се чини како доста корисен и ефикасен начин за да им помогне на работниците во Фукушима, сепак сè уште постои ризик за оној што го носи.“

„Што ќе се случи ако костимот има дефект или му се испразни батеријата? Тоа би ги заклучило сите екстремитети или пак истите ќе станат директен товар за корисникот. Корисникот или ќе стане заробен или пак нема да може да излезе од проблематична ситуација.“ [Robot suit to be used in Fukushima cleanup, controlled by brain waves]

- Реклама -