„Макрон кажа „не“, а на Балканот една влада веќе се распаѓа: Ако на Европа и требаше доказ дека се уште има политичко влијание во светот, во моментов може да го најде во Скопје“, помалку иронично коментира на почетокот на анализата германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг.
„Откако францускиот претседател Емануел Макрон на самитот на Европската унија минатата недела го спречи почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, беа потребни само 48 часа за владата во С. Македонија да го најави својот брз крај.“
Авторот на анализата во најголем дел се занимава со иднината, и судбината, на Преспанскиот договор. Објаснувајќи дека етничките Македонци се уште со одбивност гледаат кон промената на името, ФАЦ пишува дека резултатите од предвремените избори можат да влијаат врз Договорот и односите со Грција.
„Во најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која лавира меѓу национализам, популизам и патриотизам нема да најдете политичар кој отворено ја доведува во прашање ЕУ како крајна цел. (…) Партијата е остро против промената на името, но и натаму тврди дека се залага за членство во ЕУ. До денес нема недвосмислена изјава за нешто поинакво од шефот на ВМРО, Христијан Мицкоски. Но доколку се погледне подетално, работите изгледаат поинаку“, забележува ФАЦ.
Целата статија на ДВ