Интересна преписка на социјалните мрежи меѓу поранешниот Премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски и бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев.
– Господине Ковачев, после ветото на Франција ќе успеете ли да разберете каков прекрасен автогол си даде бугарската политика. Одговорете само со ДА или НЕ.
Ова прашање го постави Љубчо Георгиевски, откако претходно беше запрашан од Ковачев дали Гоце Делчев е бугарин, а на кое прашање бараше од Георгиевски да одговори само со „ДА“ или „НЕ“.
Преписката од вчера на профилот на Ковачев продолжи и денес, кога Љубчо Георгиевски испровоциран од ,,папагалските” коментари на Ковачев, му возврати:
,,Господине Ковачев, вие сте еден класичен егземплар зошто Македонците си имаат создадено сопствена нација!”