Шекеринска: 50 денари од секој граѓанин се мала цена за безбедно небо и мирен сон

По речиси 30 години земјава исполнува една од своите најголеми стратешки цели – членството во НАТО. Не само поради политички бенефит, туку и поради тоа што како држава од поранешна Југославија, видовме колкава е цената на нестабилност, на вojна и конфликт. Затоа учеството во најмоќната воено-политичка алијанса заедно со најмоќните и најбогатите е шанса за државата да профитира на безбедносен план, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана – Радмила Шеќеринска, во Куманово, пред почетокот на дискусијата во рамки на НАТО Караванот насловена „РСМ во НАТО: Политичко-безбедносни придобивки, ризици и предизвици“.

Шекеринска оцени и дека членството во НАТО е потврда дека државата е стабилизирана на економски и политички план, а воедно ќе биде и „круна на заложбите да станеме дел од западниот и развиен свет“, што ќе гарантира безбедност и стабилност на државата, но и резултати на економски план.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон

Цената на членството, оцени Шекеринска, е премала во однос на придобивките. До 2024 година секоја држава ќе мора да одвои 2% од својот БДП, но според министерката, државата и до 2008 година одвојувала 2.18% од БДП-то за одбрана. Тие пари, вели, не значи дека ќе ги даваме во НАТО, туку ќе ги вложуваме кај нас. Притоа, за македонското небо ќе се грижи членка на НАТО (Грција), а самото членство во Алијансата претставува и паметна одбрана.

Цената за сето ова Шекеринска ја спореди со тоа секој граѓанин да одвои по 50 денари годишно за кафе. „50 денари годишно од секој граѓанин е мала цена за сигурно небо и безбеден сон“, заклучува министерката, додавајќи дека НАТО членството ќе ги задржи и младите во државата.

Подетално, ТУКА.

- Реклама -