Заев си заминува од премирската позиција, избори ќе има на пролет

Македонија оди на предвремени парламентарни избори на 12 април. Ваков договор паднал на вечерашната лидерска средба кај Претседателот Пендаровски. Со ова техничката влада ќе се формира на 3-ти јануари 2020-та.

Вчера премиерот Заев вети дека ќе ги почитува законските процедури кои предвидуваат Пржинска влада која ќе трае 100 дена. Според законот донесен во 2016 година, Заев ќе треба да замине од челната позиција во Владата и да назначи технички премиер. Како избор за претседател на техничката влада во игра влегува сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во техничката влада опозицијата би добила 5 министерски места. ВМРО ДПМНЕ ќе има министер за внатрешни работи, труд и социјала, како и заменски министри за финансии, земјоделство и администрација.Иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во изминативе месеци собра околу себе тим од експерти, академици, политичари и јавни личности, засега не се знае кој од нив би ги презел овие функции.

 

Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -