Повозрасните со носталгија се сеќаваат како се одеше на одмор во бивша Југославија.
Најчесто како и за многу работи што се поврзани со поранешната држава, и темата одмор уште се опишува како рај. Во времето во кое сите живееа во изобилство или барем имаа сосем доволно за да си ги задоволат сопствените потреби, скоро сите летно време се разладуваа на некое од одморалиштата распространети на Јадранот.
Во денешно време се поретки оние што повеќе од 15 дена можат да си го однесат целото семејство на море. Интересно е да се спомене дека во Југославија не било во мода да се оди пред шеесеттите години на минатиот век кога власта ги мотивирала граѓаните дека треба да се одморат и да поминат некој период на Јадранот. Гумените чамци, костими за капење Спидо, термосите, вокмените, душеците, еспадрилите, Адидас шорцевите, Копертон лосионот за сончање и гумените сандалки, се само некои од реквизитите без кои не можеше да се замисли еден совршен југословенски одмор.