Ла верита: Заев барал од Русковска да се одблокираат 750-те илјади евpа од Cилјан Mицевски

И покрај обидот со предвремени избори да ја избегне одговорноста и целата вина да ја насочи кон Европа, истрагата за случајот „Рекет“ ќе биде последниот удар за иднината на македонскиот премиер Зоран Заев, пишува италијанскиот весник Ла верита.

Обидот на луѓето од политичко-судскиот врв истрагата, во политичкиот дел, да заврши со обвинение само против Фросина Ременски, која како пратеничка на СДСМ беше и почесна претседателка на хуманитарната организација Меѓународен сојуз, нема да успее. Токму преку оваа невладина организација на Боки 13 поминуваа парите од многубројните активности за изнуда, пишува Ла верита, весникот што прв ги објави видео снимките од случајот „Рекет“.

Целата статија тука

- Реклама -