МОЈОТ МАНИФЕСТ
Ракавицата е фрлена, трката во докажување кој е поголем Европеец почнува – и сето тоа не е случајно… Тоа е нашиот чипиран колективен ум кој верува во бајки.
„Букурешкиот момент“ на Грујо е сега заменет со „Бриселскиот момент“ на Зоки – и сето тоа е во стилот на познатиот серијал на Курто и Мурто, да се сменат за да ништо (системски) не се смени…
Бидејќи рефрените „друже ЕУ, ми ти се кунемо да са твога пута на скренемо“ (или треба другарице ЕУ?! Кој ќе го знае) – јас излегувам со ЛИЧЕН став за тоа што мислам дека е потребно да направиме за да има промена, ама сериозна…
Ќе гласам за партија која:
1) Ќе престане да се колне во Брисел, и ќе погледне со очи ширум отворени кон светот – бидејќи Вашингтон и Бисел не се „меѓународна заедница“. Ние не сме само Европјани, ние сме дел на една многу поширока светска заедница. А светот е МУЛТИПОЛАРЕН!
2) Наместо да се лигави и додоворува на надворешни фактори ќе бара мандат од своите граѓани – принципот на народен суверенитет е суштина на демократијата. Се’ друго е колонијална и зависна позиција на периферијата кон центарот
3) Ќе се обврзе, јасно и недвосмислено, дека ќе ги преземе сите потребни чекори за ПРАВНО преиспитување на Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, во светлина на меѓународното право и низ правна процедура ќе ги поништи противправните и неправните договори/клаузули. И тоа ИТНО!
4) Ќе ги стави националните интереси како основа на својата политика, т.е. интересите на својата земја ќе имаат предност пред интересите на Брисел, Берлин, Вишеградската група и сл. – во однос на социјалата, економијата, трговијата, енергетската политика, миграцискиот режим, итн.
5) Која за да дојде на власт нема да прави коалициски договори кои водат кон дезинтеграција и натамошна етнизација на земјата
6) Која како План Б (или В) ќе го има регионалното поврзување на сите нивоа, а не само меѓу елитите и тајкуните, а во насока на градење претпоставки за Балканска (кон)федерација на социјалистички основи
7) За која владеењето на меѓународното (не европското) и националното право ќе биде алфа и омега, и ќе преземе мерки за поведување правни постапки кон сите кои се огрешиле во изминатите 30 години. Без финти за помирување и национален компромис за европска иднина
8) Која ќе се откаже од Пржинска влада, која е влада каква не постои во демократска држава и алудира на партиска контрола врз одредени сектори заради сопствен (партиски) интерес
9) Која нема од другите земји надвор од Европа да прави непријатели, туку ќе прави сојузништва засновани на сопствениот интерес.
10) Која нема да се плаши да каже НЕ – особено на адикцијата кон задолжување, приватизација на јавната сфера и доброволно колонизирање и распродавање на сопствените ресурси.
Доста ми е од партии кои водат љубов со народот, а ѝ се верни на т.н. меѓународна заедница! За вас кои сечете вени за ЕУ е лесно: имате да бирате меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, итн.