Билјана Ванковска: ,,Не можат тие толку да не’ отпишуваат, ниту толку да ги кршат сопствените вредности и одлуки, колку што ние можеме да ги збиеме редовите и да да опстоиме на „Правиот пат“…
Среде разочарување (иако неосновано за секој кој знае реал-политика), сега тие одговараат со колнење дека од правиот пат нема да скршнеме, ќе останеме последен бедем на европејството ако треба, тие нека не не’ запишуваат, ама ние не се отпишуваме, итн. Колку ова и да ви звучи смешно, опасно е. Не го потценувајте! Ова збивање на редовите ја јакне „диференцијацијата“ (во комунистички стил): кој не е со нас (ЕУ), тој е против нас и со него ќе се справиме.
Наместо да понесат одговорност за лоша проценка, за аматерско коцкање, за непознавање на меѓународната политика и дипломатија, за се’ што ни направија завиени со нобеловата слава – тие уште и ќе демонстрираат државничко единство.
П.С. Да појаснам, особено по пресот на Мицко, тие беа и останаа соучесници!”