Геровски до Заев и Димитров

Статус на новинарот Бранко Геровски, кој во минатото важеше за исклучително близок со владеачката гарнитура, но по обелоденувањето на аферата ,,Рекет”, нивните односи се заладија:

,,Заев што не дава оставка, не дава. Тоа се очекуваше. Арен маж на зборот не си стои, нели. Добро, ај ќе се правиме мутави и ќе поверуваме дека Борисов го убедил…

Туку, не ми е јасно како после личниот неуспех и после оваа глупава изјава на Твитер – ама ептен недоветна! – без оставка ќе мине и министерот за надворешни работи Димитров.
Бреј, луѓе без образ. Срам да се немало!”

- Реклама -