Поранешната прва дама на Југославија Мира Марковиќ, изјавила дека кога нејзиниот сопруг Слободан Милошевиќ ги загубил изборите во 2000 година, посакала да ѝ двајцата заедно да завршат затворени во бункер.
Мира вели дека не можела да го прифати фактот Милошевиќ да биде губитник на тие избори, и дека за ваквата идеја била поттикната од трагичниот крај на големата љубов меѓу Адолф Хитлер и Ева Браун.
„Мира била опседната со ваквата идеја затоа што била посвесна од Милошевиќ дека неговиот престол се ниша. Тој бил убеден дека победува, но го плашела мислата да дигне раце од себе, како што тоа некогаш го направил неговиот татко. Иако Мира била комунистка и изразит антифашист, таа ја идеализирала болната љубов која ја имале Ева и Адолф, сметајќи дека била еднакво фатална како што била таа на Слободан и неа“, вели извор близок до семејството Милошевиќ.
Изворот вели дека Мира имала намера да ги завршат маките со нејзиниот сопруг на едно тајно место над Белград. Слично како и Ева, која по окупацијата на Берлин, со Адолф ги минала деновите во бункер, каде ѝ завршиле двајцата, така и Мира сакала со сопругот да ја доживеат истата судбина.
„Мира се сетила на едно добро скриено место кај Бор, па одлуката паднала на Слободан. Сепак до ваквата судбина никогаш не дошло“, вели изворот.
Адвокатот на Милошевиќ и нивен близок семеен пријател Том Фил, тврди дека Мира го наговарала Слободан во никој случај да не ги признае изборните резултати.
„Кога ги изгуби изборите, тој на сите им даде налог дека го признава поразот, но таа го наговорила да не го прави тоа. И така беше. Но, подоцна работите се движеа во насока да Слободан мораше да ја признае победата на ДОС. На Мира и паѓаа секакви идеи во главата, па дури и налудничави. Ваквите мисли ги разменуваа исклучиво за викенд. Само во саботата и неделата не дозволуваа никој да ги вознемирува за тековни проблеми“, објаснува Фил.
Налудничавата идеја за нејзино и самоубиство на нејзиниот сопруг Слободан Милошевиќ, го потврдува и некогашниот припадник на Државната безбедност Божидар Спасиќ. Тој вели дека брачната двојка била пандам на романската двојка Чаушеско.
„Мира имаше идеја за заеднички трагичен крај, затоа што пред сè, таа патеше поради својата тажна судбина и детство, кое било нималку среќно. Со оглед на околностите, ваквата идеја во неа се повеќе растеше, а кулминираше во деновите на целосниот крах на власта. Мислата заедно да го завршат животот била водена од тоа, да во историјата бидат запаметени како победници, а нивната смрт да стане легенда“, наведува Спасиќ и додава дека Мира пред се ги мразела поразите.