Франција и вечерва рече „не“ за Македонија и Албанија

Франција и вечерва рече „не“ за Македонија и Албанија, јави репортерот на Телевизијата Клан од Брисел, нагласувајќи дека Претседателот на Франција, Емануел Макрон, не го променил ставот за проширување на Европската Унија.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, за телевизија Телма изјави дека сè уште има земји членки кои се скептични за прашањето за отворање на пристапни преговори со Македонија и Албанија.

– Многу е тешко да се најде прифатливо решение за сите членки на ЕУ, изјавил Туск.

Официјално, одлуката на европските лидери на Самитот во Брисел во врска со прашањето за определувањето датум за почеток на преговори за Македонија и Албанија, треба да биде соопштена утре напладне.

- Реклама -