„Меѓународен сојуз“, „БМЈ груп“ и „Томато“ затаиле 20 милиони денари, 1ТВ има нов сопственик

По повеќе од еден месец истрага, УЈП поднесува кривични пријави против „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13, потоа фирмата „БМЈ Груп“ – која е сопственик на телевизијата „1ТВ“, како и за продукцијата „Томато“, во чиј објект е сместена телевизијата. Истрагата на УЈП покажала дека во овие фирми бил затаен данок во вредност од над 20 милиони денари, односно околу 325 илјади евра. Покрај данок на добивка, се затајувал и ДДВ и персонален данок.

Кривична пријава УЈП ќе поднесе и против таткото на Бојан Јовановски, како и против соработничката на Боки 13 – Јасна Мандиќ. За „1ТВ“ засега нема основа за кривична пријава, иако има неправилности и во нејзиното работење. Подетално прочитајте ТУКА.

 

 

 

 

- Реклама -