Апелациониот суд го врати барањето на Катица Јанева за укинување на притворот, во кое таа како гаранција ги понуди трите стана, на повторно разгледување во Кривичниот суд.
Барањето судијата на претходна постапка го отфрлил без да се впушти во оценка на истото, иако во меѓувреме се смениле околностите (поднесено е обвинение), констатира Апелација, пораид што му наложува на Кривичниот суд повторно да го разгледа предлогот и овојпат да донесе мериторна одлука, односно да ја оцени основаноста на истиот и, како резултат, или да го прифати, или да го одбие (а не да го отфрли) предлогот и понудената гаранција за укинување на мерката притвор.
Инаку, денеска поранешната специјална јавна обвинителка била на снимање на главата. Иако претходно нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска изјави дека состојбата ѝ е стабилизирана и препишана ѝ е терапија и денеска треба да биде вратена во притвор во Шутка, за „Телма“ таа вели дека пуштањето на Јанева од болница ќе зависи од тоа што ќе речат докторите по денешниот ЕЕГ преглед.