Јавното обвинителство започна предистражна постапка за „Рекет 2“., објави ТВ Алфа.
Ова следува откако Вера Иванова поднесе кривична пријава против директорот на фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче. Пријавата беше проширена и против уште една личност.
Според оштетената Иванова, Дончев и Филипче презеле дејствија за да го одвратат реномираниот светски провајдер на услуги на полето на дијализата, шведската компанија „Диаверум“, од намерата да инвестира во Македонија. Тоа, според пријавата, го сториле на начин што прво ја довеле странската компанија во заблуда дека приватната здравствена установа „Диамед“, е под кривична истрага.
Со тоа тие сакале да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.