Зелени домати за зимница

Зелени домати за зимница

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 кг зелени домати
500 мл вода
1 литар оцет 9%
3 лажици сол
3-4 лажици шеќер
масло за преливање на доматите
2-3 главици ситно сечкан лук

ПОСТАПКА:

Во длабоко и широко тенџере ставете вода, оцет, сол, шеќер и оставете да зоврие.

Доматите измијте ги и исечете на дебели тркалца околу 1 см. Ако се шери или помали, сечете ги на половина за да примат од лукот. Ставете ги исечените домати во зовриената течност и варете ги само 1 минута или пократко. Не смеат да омекнатмногу, туку само да се бланшираат.

Вадете ги со решеткаста лажица и ставете ги на цедалка. Направете го истото и со остатокот од доматите. Не ги ставајте сите домати одеднаш, не го преполнувајте тенџерето, туку ставајте на “рати”, односно на неколку пати, така побрзо и поубаво се бланшираат.

Бланшираните домати ставајте ги во чисти стерилизирани тегли, ред домат, ред ситно сечкан лук и се така додека да се наполни теглата.

Кога ќе ги наполните теглите, налејте ги со масло. Затворете ги сите тегли и оставете ги да се ладат. Потоа чувајте ги заедно со другата зимница.

Напомена: доколку 1:2 ви е многу кисело, тогаш односот меѓу оцетот и водата може да биде и 1:1.

Овој раствор после банширањето се фрла. Во теглите се редат само доматите со лукчето, а се дополнува со масло до врв, да бидат покриени. Мене ми беше потребно околу 500 мл масло за 6 тегли од 0,5 кг, но тоа многу зависи од самото полнење. Јас користев масло од репка, пробав и со маслиново, но премногу доминира, а убаво излегува и со обично масло за готвење. Може да се јаде уште следниот ден.

Nmd.mk

- Реклама -