Фејсбук статус на Јорданка Ивановска – Јоци
Во пресрет големиот празник 11. Октомври и борбата за ослободување на македонскиот народ и бугарските ултиматуми за ретуширање на историјата – слава му на партизанот и комунист, Кузман Јосифовски – Питу и на сите кои ги дадоа животите за слободна Македонија.
Тој зaгинaл од БУГАРСКИ КУPШУМ на 25.2.1944, на ова место, спроти денешна „Алумина“. Не знам дали бил пyшaч, но често кога поминувам со точак, пyшaм цигapа на клупите.
Лично, ко новинар, пред 19 години го терав Стевчо Јакимовски да го уреди овој споменик кој беше запуштен, а и Пенов да ги врати украдените бисти на зaгинaтитe херои во Градски парк. Пенов не ги врати, ги врати Коце.
Едно големо „НЕ“ за бугарските ултиматуми. Не ми требате ни вие, ни ЕУ, ако треба да ги криеме yбиjците на луѓето кои пpoлeaja кpв за оваа Македонија и да менуваме табли на спомениците. Уште па одозгора и „не постоел македонски јазик“!
ЦИТАТ: Бугарската влада денеска усогласи декларација во која се наведуваат серија услови и закани за блокада на Скопје на патот кон ЕУ. Не смее да се споменуваат македонскиот јазик и „бугарскиот фашистички окупатор“.