Елмас со втор гол ја докусури Словенија!

Не можеше подобро да започне вториот дел од натпреварот на македонската репрезентација против Словенија. Лути од поништениот гол на Елмас во финишот на првиот дел, избраниците на Ангеловски од првата акција во вториот дел поведоа со 1-0.

Македонија игра магично – Словенија е на колена. „Тодор Проески“ го скандира името на Ељиф Елмас по најубавиот контра напад во нашата историја. Адеми повлече и го најде Алиоски, овој во празно проигра до Елмас, а ѕвездата на Наполи пак беше очи в очи со Облак и го матира за 2-0.

Еуфорија на „Тодор Проески“ и почеток на славје на третата победа во квалификациите.

- Реклама -