Луѓето од Бугарија и Р.С. Македонија споделлуваат заеднички културен код, историја и јазик веќе 1.300 години. Затоа политичарите од обете страни имаат заедничка одговорност да бараат пристапи што не зближуваат, а не такви што нè делат, изјави денеска шефот на бугарската држава, Румен Радев.
Радев вели дека бугарскиот став за европската интеграција на Република Северна Македонија е во интерес на историската вистина и спречувањето на меѓусоседските проблеми во заедничкото европско семејство.
Според претседателот, важно е условите за бугарска поддршка во секое поглавје на преговори однапоред да бидат јасни и затоа организираше консултативна средба на оваа тема. Тој очекува бугарската влада доследно да опстои на бугарската позиција.
-Јас го поканива претседателот Пендаровски да ја посети Бугарија уште за време на инаугурацијата, на која лично присуствував. Имавме една многу корисна средба. Неколку пати ја потврдив својата покана до него и очекувам да најде време да дојде во Бугарија. Не треба да се чека, изјави Радев.