„ТВ21“ со реакција на демантот на СДСМ за „пилотите од Арачиново“

Во рамки на емисијата „Click Plus одаја“ вчера во живо од Арачиново беа пренесувани маките на тамошните жители и изборните верувања кои не се реализирани, а концептот беше ист како и во минатите емисии, велат од „ТВ21“ за демантот од СДСМ, во кој владејачката партија ги доведе во прашање мотивите на телевизијата што дозволила „лице со сомнителна позадина и кредибилитет“ да изнесува „класична лажна вест“ без притоа да ја провери информацијата.

Од „ТВ21“ додаваат дека не ги поседуваат ресурсите што ги има СДСМ за да го верификуваат идентитетот на одредена личност и нејзините податоци во реално време, во емисија во живо, надвор од своите телевизиски студија, во општина каде телевизиската екипа е гостин. Целата реакција прочитајте ја ТУКА

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ
- Реклама -