Во Арачиново се ветува сѐ и сешто, а една од најголемите лаги била е таа дека 300 жители од селото ќе бидат вработени како пилоти, тврдат локалните во разговор со „ТВ21“ во рамки на емисијата „Click Plus“, емитувана вчера.
„Најголемата лага е дека ќе се вработат 300 пилоти од Арачиново“, вели жителот на Арачиново.
„Ми го рековте тоа зад камерите и да ти кажам право, не разбрав убаво. Сега, кој ви ветил дека ќе вработи 300 пилоти?“, прашува новинарот.
„Овие што се на власт сега. Социјалдемократскиот сојуз, да. Значи тоа е најголемата лага што можеш да му ја кажеш на човек, ќе одиш пилот. Се случило и тоа тука во нашето село. Празни ветувања. На младината од Арачиново ѝ останува само да оди по странски амбасади, да бараат визи и да си одат сите од тука“, вели жителот.
виа Магазин.мк