Тимоние: На ЕУ ѝ е доста од земји што се заложници на политичките партии или неколку семејства

Франција сѐ уште не одлучила за датумот за почеток на преговори на земјава со Европската унија, а тоа е така, меѓу другото, и затоа што реформите сѐ уште не се видливи за граѓаните, а правосудството сѐ уште не е на соодветно ниво и ослободено од канџите на политиката, посочува францускиот амбасадор во земјава – Кристијан Тимоние, во интервју за „Порталб“, пренесува „Мета.мк“.

Тимоние смета дека Преспанскиот договор не е доволен сам по себе, туку клучни се функционалноста на системот и институциите, како и способноста да се спроведуваат реформи. Тој истакнува дека да се биде заложник на тезата дека поради тоа што земјава долго почеток на преговорите, сега несомнено треба да добие датум, особено не како подарок.

Прашан зошто Франција има толку тврд став по однос на почетокот на преговори и кои би биле ризиците од кои толку се плаши, Тимоние одговара дека Франција ја смета Европската унија за сериозна конструкција на европски вредности, која претседателот на Макрон се залага дополнително да ја зацврсти.

„Идејата што преовладува кај јавното мислење е дека патот по кој се движи Македонија треба да биде успешен и брз, но нашата идеја е да се најде ефикасен и реален пат, по кој може да оди Македонија. Со оглед на претходните искуства со земјите-членки, можеме да кажеме дека членството на некои земји би можело да биде поефикасно. Ниту преговорите ниту нивното членство во ЕУ не придонесе да се променат многу нешта во овие земји. Ова е затоа што, и покрај реформите, нивниот систем останува блокиран од политичките партии, како и од десетина семејства кои го држат економскиот систем како заложник во земјата. Не сакаме да прифатиме повеќе такви земји во ЕУ“, вели Тимоние. Целото интервју, во кое амбасадорот изнесува низа забелешки, прочитајте го ТУКА.

- Реклама -