Четири најчести грешки при подготовка на палачинки

Без разлика за какви палачинки се работи, некои правила се универзални. Универзални се и некои грешки што можат да се направат во текот на подготовките. Следниот пат кога ќе решите да го подготвувате овој десерт, обратете внимание на ситниците.

Премногу мешање

Сигурно имате потреба да ја „совладате“ баш секоја грутка брашно, но подготовката на палачинките е ситуација во која не смеете да си дозволите одмор. Смесата не смеете премногу да ја мешате или да ја матите со миксер бидејќи глутенот ќе почне да се развива и тестото ќе стане еластично, што значи дека палачинките на крајот ќе бидат како „гумени“.

Премалку трпение

Тестото за палачинките би требало кратко да отстои. За палачинките да ви бидат совршени, смесата покријте ја и оставете ја да постои половина час.

Недоволно загреана тава

Ако тавата не ви е доволно загреана, тестото безживотно ќе се разлее и ќе ја впие целата маснотија со која сте ја премачкале тавата. Ви предлагаме да ја тестирате температурата со една мала палачинка.

Пречесто вртење на палачинките

Воздржете се од вртење на палачинката сè додека долната страна не поприми убава златна боја. Внимателноста е особено важна кај американските палачинки, зашто би можеле да ја изгубат текстурата.

- Реклама -