Средба на јахта во Будва: како се крчка косовската политика?

Како што на новинарите на КРИК им објаснил изворот што им ја дал фотографијата, средбата на јахтата се случила во летото 2017 година, а Пацоли набргу потоа направи ненадеен пресврт – ги напушти дотогашните политички партнери, ѝ се придружи на коалицијата на Рамуш Харадинај и стана министер за надворешни работи.

Тајната средба се одржала на луксузна јахта вкотвена во пристаништето во близина на Стари Град во Будва. Тројцата мажи вечерале на крмата на бродот опремен со мебел од бела кожа, покажува фотографијата до која дошол КРИК.

Во нивно друштво имало и две непознати жени, но новинарите ги препознале мажите – а тие не се екипа за која се очекува да седне заедно.

Во белата маица, на средина на масата, седи Беџет Пацоли, најбогатиот човек на Косово и најпознат лобист за независност на Косово. Со него седи Горан Ракиќ, кој во тоа време беше избран за претседател на Српска листа, најголемата партија на Србите на Косово. Третиот човек, наведнат над чинијата, е озлогласениот српски бизнисмен Милан Радоичиќ, кого честопати го нарекуваат „господар на северно Косово“. Денес овој човек на Косово е осомничен за вмешаност во убиството на политичарот Оливер Ивановиќ.

Извор што им ја дал фотографијата на известувачите на КРИК / ОЦЦРП рекол дека таа е создадена во летото 2017 година. Во тоа време на Косово беше напнато. Парламентарните избори тукушто завршија и ниту една партија не го постигна мнозинството потребно за формирање влада. Следуваа тешки преговори.

Целата статија на МКД.МК

- Реклама -