Премиерот Зоран Заев на денешната партиска трибина на во Штип најави дека зголемувањето на минималната плата за кое преговорите се во тек, ќе биде над 1.000 денари.
-Сега ќе има поголемо покачување на минималната плата, ќе биде поголемо од илјада денари. Ќе овозможиме на секој газда ако ја зголемат платата до 100 евра, придонесите ние ќе ги платиме, рече Заев.