Павлов победи двајца светски шампиони и е на чекор до освојување на Премиер лигата

Македонскиот карате репрезентативец Емил Павлов е на чекор до голем успех во Премиер лигата.

Тој обезбеди пласман во финалето во категоријата до 60 килограми во Премиер Лигата во Москва. За да дојде до таму победи двајца светски шампиони.

Во полуфиналето го совлада актуелниот светски шампион, Анџело Крешенцо со минимални 1-0, додека претходно имаше и четири триумфи над Ласло Киш од Унгарија со 4-1, Матиас Гарсија од Шпанија (6-0), Летонецот Калвис Калининис 5-3 и Бразилецот Даглас Бросе 2-0.

Во финалето Павлов ќе се сретне со Турчинот Ерај Самдан, а борбата е закажана за во недела.

- Реклама -