Македонскиот конзул во Хрватска: Сакам да ви кажам нешто за Делчев Гоце

Почесниот конзул на Македонија во Хрватска, Горан Калоѓера, се свклучи во расправата за Гоце Делчев што ја водат, како што вели „умни историчари“.

„Еве како јас, како човек од страна, аматерски, го гледам Делчев“, пишува Калоѓера еден од основачите на катедрата по македонски јазик на Универзитетот во Ријека.

„Делчев е непобитен харизматичен лик, историска личност и митски лик во контекст на македонското револуционерно движење. Може да се третира и како „апостол“ или „патријарх“ на македонското ослободително движење.Во текот на подготовките за вооруженото востание, тој покажа неоспорна доминација во неколку дисциплини;

Со оглед на неговата воена обука (средно училиште во Воената гимназија во Солун,Воена академија во Софија) тој во релативно кратко време формира релативно цврста воена структура, базџирана на чети предводени од искусни борци, од кои некои имаа и воено образование.

Тој исто така организирал воена логистика, користејќи киднапирања на побогати луѓе за набавка на пари. Преку неговите настапи, тој придонесе за омасовување на движењето и на Организацијата, бидејќи во целост го развил системот на регрутирање луѓе од сите слоеви, особено селското население.

Бил упорен и доследен бранител на ставот дека Македонија и Одринска Тракија треба да се ослободат, без помош од надворешни фактори, бранејќи ја притоа идејата за автономна и слободна Македонија.

Многу брзо сфатил дека „врховистите“ се продолжена рака на бугарската службена политика, и затоа бил противник на постоењето на Врховниот комитет од Софија, како „паралелен“ штаб за ослободување на Македонија.

И многу поважно; тој се спротивстави на идејата за фронтално востание, а се залагаше за идејата за герилско војување, бидејќи оцени дека сè уште не се создадени услови за отворена војна со турската армија. Колку бил во право, говорат жртвите на Илинденското востание.

Како наставник, најмногу ме радува неговата идеја дека револуцијата треба да се направи во главите на луѓето, алудирајќи на едукација на луѓето, сметајќи го знаењето како моќно оружје за благосостојба на народот. Поради ова, тој лично ги охрабрувал луѓето „осд перо“ да пишуваат и да објавуваат“, пишува Калоѓера и додава дека Делчев „ беше воен водач, стратег, просветител, политичар…

Калоѓера влеи дека не сака да навлегува во тоа кои му биле родители но, бели дека тој човексо цело свое битие бил и се уште е вткаен во македон ската историја.

„Господа од мешовитиата Комисија, не се лутете, ова е исклучиво мое гледиште за Гоце Делчев“ порачува Калоѓера на Фејсбук.

- Реклама -