Тајната на паметните деца се крие во зборовите на родителите

Колку повеќе разговарате со своите деца, толку попаметни ќе бидат.

Тоа е заклучок на научниците од Универзитетот во Јорк, кои тврдат дека децата на родителите што повеќе разговараат со нив и им доделуваат различни задачи за завршување, тренирање на нивните невербални способности, како и нивните способности за расудување, решавање проблеми и развој на просторно размислување, стануваат поинтелигентни зрели луѓе, надарени со богат вокабулар и имагинација.

Според истражувачите, децата од претшколска возраст што активно комуницираат со родителите и старателите имаат подобар почеток во животот, особено ако во секојдневниот живот користат богат и разновиден вокабулар.

Откритијата на научниците се следните:

– Членовите на семејството се првите учители на децата.

– Количината на зборови што постарите ги зборуваат во околината на децата позитивно влијаат врз нивните когнитивни способности.

– Истражувачите откриле дека високо квалитетниот говор на возрасните е корисен за развојот на јазикот на децата. Децата што комуницираат со возрасните користејќи го богатиот и разновиден вокабулар го подобруваат речникот и вешто го користат во секојдневниот живот.

– Кога родителите позитивно реагираат на интересите на децата и поттикнуваат самоизразување во истражувањето, поттикнуваат логичко размислување… детето обично покажува помалку знаци на анксиозност, агресија и/или непослушно однесување.

– Количината на изговорените зборови е различна за различни семејства и заедници. Некои деца слушаат двојно повеќе зборови од возрасните лица околу себе отколку нивните врсници. Па така, истражувачите нагласуваат дека собирањето на вештините во најраниот период од животот кај различни деца е променливо и динамично, а не апсолутна константа, па оттука произлегува и разликата во развојот на децата.

Извор

Превод: deca.mk

- Реклама -