МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПОСТОИ ОД ‘45 ГОДИНА!?!?
Забегал Ненад Јовановиќ. Ревноста најчество завршува во игноранство. А игноранството резултира со навреди. Па така Ненад го игнорира АСНОМ (2 август ‘44), го игнорира востанието (11 октомври ‘41), го игнорира Скопскиот партизански одред (летото ‘42). Ги негира Коста Рацин, Коле Неделковски, Никола Јонков Вапцаров и сите народни херои. Ги негира и Питу и Ченто. Го негира 19 век со преродбениците.
Ги негира Македонците во Бугарија и Грција. Го негира рицинусот, фалсификувањето на имињата на надгробните плочи, натписите на иконите и фреските…
Курдистан ни денес не е држава, но никому не му паѓа на ум да ги негира Курдите како народ, дури ни на оние кои не се откажуваат од планот да ги истребат.
Од ‘45 Македонците биле “некој добар народ”, пишува Ненад. Кога е роден, од кога е во Македонија, па да може да пишува за добрината на Македонците? И во што се огледа нивната добрина? И до кога биле “некој добар народ”?
До Груевски или до Заев…? И зошто тој “добар народ” веќе не му се чини добар? Зашто само 14 проценти и некој децимал имаат доверба во лидерот на СДСМ, а 12 проценти и некој децимал во лидерот на опозицијата?! Зашто не мислат дека дошол животот, а со него и правдата? Затоа веќе не се “некој добар народ”, како што му раскажувал дедо му?
Нациите се производ на 19 и 20 век, Ненаде. Најчесто настанувале на митови. На пример, Адам Мицкиевич и уште неколку полски преродбеници-романтичари тврделе дека Полјаците биле потомци на Сарматите, кои не биле Словени? Зошто? Зашто сакале да се дистанцираат од Русите. Нив ги сметале за опасност. Со право.
Македонците немале помалку трауматична историја од Полјаците и раните се уште се отворени. Не потурај ги раните со сол. Животот се уште не е дојден. Македонија забрзано се празни и тој егзодус нема да го запре ни почетокот на преговорите со ЕУ ни приемот во НАТО. Митот за античките Македонци нема да исчезне се дури тој е единствениот извор на гордоста на Македонците. Претходната власт го употреби тој мит како параван за криминалот, а сегашнава се однесува како слон во аптека.
Фб статус на Владимир Милчин