„Почитувани, пред четири дена бев во Обединетите нации да се обратам на големиот собир на светски лидери како премиер на Република Северна Македонија. Бев сведок дека и мала држава како Република Северна Македонија може да носи порака на свежина, промена и надеж, да биде добра вест…“, го започна своето обраќање премиерот Зоран Заев на Самитот за Западен Балкан – „Зацврстување на моментумот за Европска интеграција“, во организација на весникот „Економист“.
„ …Денес, стојам пред вас среќен што ги гледам сите овие лица во исчекување на добри вести и денес сакам да зборувам токму на важноста на добрите вести. Очекување на добра вест нѐ држи во состојба на исчекување, доза на страв и воедно надеж. Помислете колку е убав моментот кога ќе чуете добра вест; Како мало дете кога ќе слушне дека ќе оди на одмор со мама и тато, кога студент ќе добие добри вести за испитот, кога брачен пар дознава дека очекува дете. Добри вести со нова енергија и нов живот. Во мандатот на оваа Влада имав чест да објавам повеќе добри вести. Една од најдобрите беше решавањето на спорот помеѓу Република Северна Македонија и Грција…“, продолжи Заев.
Самитот можете да го гледате во живо во видеото во продолжение: