Геро има предлог за Јоци и Кежо

Новинарот Бранко Героски предлага конфликтот меѓу колегите Јорданка Ивановска Јоци и Томислав Кежаровски да се решава со анализа на видео камерите кои го снимиле вчерашниот “контакт” меѓу двајцата новинари.

Спорот настана откако Героски го повика Кежаровски да дојде на протестот за кривичната пријава за уредникот на инфомакс.мк Митовски.

Кога Јоци го обвини Кежароски дека постапил лошо што го игнорирал Героски, според неа добила закана од сопругата на Кежаровски која ја објави на Фејсбук.

Вчера Јоци објави дека Кежаровски ја чекал на паркинг додека одела на приватна прослава и вербално ја нападнал.

“Мислам дека оваа непријатна кавга меѓу Јорданка Ивановска Јоци и Томислав Кежаровски би можела да заврши со еден пристоен гест.

Предлагам и Кежо и Јоци јавно да се согласат да се објават снимките од безбедносните камери. Така ќе се утврди дали Кежаровски навистина ја пречекал пред туѓ дом и вербално ја нападнал, или Јоци измислува”, пишува Героски во обид да ја запре препирката меѓу колегите која ја девалвира целата новинарска фела.

Во скопскиот сленг зборот “ферка” означувал физичка пресметка меѓу двајца учесници во кавга без учество на трети лица.

- Реклама -