Анкета: Што мислат граѓаните, дали Власта е замешана во рекет?

Повеќе од 81 отсто од граѓаните слушнале за случајот „Рекет“ (со „не“ одговориле 18,2%), а 57 отсто од нив редовно ги следат вестите поврзани со овој случај, 42,1 отсто одговориле дека не се заинтересирани.

Како се води истрагата за овој случај? 53,2 % сметаат дека тоа се прави „недоволно добро“, со „добро“ одговориле 22,6 %, а одлично одговориле 2,5%.

Зошто оценката за ЈО е дека недоволно добро се справува со овој случај? 12,8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека причината е во нестручноста на ЈО, а 81,6 отсто од анкетираните сметаат дека причината е во намерата за прикривање на дела, лица, докази…

Од подлабоката анализа на добиените резултати од анкетата на Маркет вижн и на МКД.мк може да се заклучи дека голем дел од неопределените и од оние кои се за некоја трета опција, дале негативни одговори на прашањата за давањето оценки за судството, за јавното обвинителство, за СЈО… Овој податок само го потврдува заклучокот дека незадоволството на граѓаните од актуелната власт е во пораст и дека власта мора да преземе многу посериозни мерки доколку сака на наредните избори да добие подобри резултати.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa

Целата статија на Мкд.мк

- Реклама -