Атлетите од здружението за деца и младинци со Даунов синдром, „Доза среќа“, одлично се претставија на меѓународниот натпревар за лица со посебни потреби „Београд опен 2019“.
Тие се натпреваруваа во две категории – атлетика и пливање, а лицата со Даунов синдром од македонскиот фудбалски клуб „Карпошово“ одиграа пријателски натпревар со „Мунгоси“ од Србија.
Македонските херои успеаа да стигнат до дури 7 медали.
На манифестацијата што се одржа шести пат учествуваа 20 држави со повеќе од 700 натпреварувачи на возраст од 15 до 26 години. Тренери од Македонија на децата се Борче Боев и Радован Велјановски, кои работат волонтерски.
За „Карпошово“ играат: Илија Георгиева, Филип Ангеловски, Дарко Ефтимовски, Матеј Аларов, Осман Исмаили, Коста Аризанов, Кристијан Стојанов и Никола Стојановски.
Децата во главниот град на Србија заминаа и со поддршка од Фудбалската федерација на Македонија.
Девојките и момците од здружението, испратија силна порака дека овие активности даваат потврда како децата со Даунов синдром можат да даваат значајни придонеси во текот на нивниот живот, без разлика дали дејствуваат во училиште, на работа, во општеството, јавниот живот, културата или спортот.