Бугарскиот претседател свика консултативна седница за поддршката на Бугарија за Северна Македонија

По иницијатива на бугарскиот претседател Румен Радев, во понеделник, на 30 септември, бугарскиот државен врв ќе одржи консултативна седница на која ќе се разгледуваат билатералните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, во контекст на постигнатите резултати од работата заедничката комисија за историски и образовни прашања и очекуваната покана за Северна Македонија за приклучување во Европската унија, соопштија од кабинетот на Радев.

По поканата на Радев, на средбата ќе присуствуваат претседателката на бугарското собрание – Цвета Карајанчева, премиерот Бојко Борисов, вицепремиерот за правосудни реформа и министерка за надворешни работи – Екатерина Захариева, претседателите на парламентарните групи, претседателите на Комисијата за надворешна политика и собраниската Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови, како и претседателот на бугарската страна од заедничката комисија за историски и образовни прашања – Ангел Димитров.

Прочитајте и:  Главчев: Политичките сили да постигнат консензус и да се фокусираат на проблемите на граѓаните

По завршувањето на средбата, бугарскиот претседател заклучоците ќе ги презентира на прес-конференција.

- Реклама -