И Најчевска се огласи за Верушевски

Професорката Мирјана Најчевска реагира по сведочењето на Зоран Берушевски кој во суд изјави дека „бомбите“ биле изманипулирани и компромитирани.

„Со Верушевски се бавевме во време кога бев дел од Хелсиншкиот комитет. Тој беше еден од оние функционери кои ги идентификуваше Хелсиншкиот комитет како валкани и кои беа лица од интерес за комитетот заради својата недопирливост и неказнивост.

Само прашање на време беше кога ќе се сврти против актуелната власт (можеби затоа што нешто не му исполниле, или нешто не му исплатиле или пак ВМРО-ДПМНЕ нешто му открило? Не знам.).

Она што со сигурност можам да го тврдам е дека тој нема да биде последен“ пишува Најчевска на Фејсбук.

Според неа „Заев се опкружи со криминални структури останати од ВМРО-ДПМНЕ, свои квази- пријатели и квази-лојални послушници кои само чекаат да му забијат нож во грб.

Лично мислам дека Заев не покажа соодветен политички њух и наместо околу себе да го собере интелектуалниот крем на државата, тој го собра турбо-фолкот на државата.
Не ВМРО-ДПМНЕ, не ДУИ, туку таа турбо-фолк багра ќе го симне од власт.
Штета.
Заборавив, впрочем мислам дека Анѓушев мора да биде отстранет од Владата“, пишува Најчевска.

- Реклама -