Прекрасна вест за жителите на Нов Јужен Велс во Австралија. Тамошната влада ги извести граѓаните дека во наставниот план ќе биде застапен и македонскиот јазик кој за првпат децата ќе можат да го изучуваат од забавиште до нивна 12 годишна возраст во училиштата.
Оваа информација беше споделена на радио во интервју за информативната програма на Македонски јазик од страна на Жаклина Михајлова која е претседателка на Македонскиот просветно-училишен одбор во Јужен Велс, пренесуваат од „denesen.mk“.
Михајлова воедно во интервјуто говорела и за значењето на оваа голема одлука на австралиските власти за Македонците и македонската заедница во Австралија.