Сопственикот на згаснатата А1 телевизија, Велија Рамковски се огласи во јавноста.
Рамковски на својата фан страна ја најави својата прва емисија за состојбата со медиумите во државата и оптимизмот за интегрирањето на Република Северна Македонија во семејството на eвропските држави.
– Од 93-та година од основањето на А1 до денес, не можев да не размислувам за медиумите. Медиумите се еден од главните фактори за развивање на демократските процеси во секоја држава.
Буквално, како нигде во Светот се дотера да само лошо се кажува. Новинарите покрај тоа што се новинари имаат општествена одговорност во смисла да прават во државата во која живеат да биде подобро, не може да се прај подобро само со лошо, вели Рамковски во краткото тизер-видео кое ја најавува емисијата.
Засега е непознато дали Рамковски најавува можно враќање на А1 телевизија на македонската телевизиска сцена или само сака даде допринос во медиумскиот сектор, користејќи го своето долгогодишно искуство како прв човек на најгледаната телевизија.