Иако сезоната на подароци за оваа година е завршена, еден гејмер го обележал крајот со совршен подарок за себе. Фанатичниот гејмер потрошил 16.000 долари на виртуелен меч – уникатен предмет кој ќе може да го користи наскоро кога ќе започне да игра видео игра со боречки вештини која сè уште не е пуштена во продажба во источна Азија.
Човекот кој победил на аукцијата сега ќе може да убива виртуелни ликови со својот меч кога видео играта Age of Wulin ќе биде пуштена во продажба во Кина. За одбележување на почетокот на продажбата, компанијата Snail Games одржала аукција преку интернет во која корисниците добиле шанса да даваат понуди за ексклузивни предмети во играта. Меѓу предметите кои биле продадени на аукцијата била и корица за Hook of Departure која била продадена за 1600 долари како и Lordly Spear Sheath за 2500 долари.
Ретки животни за јавање во играта биле продавани за околу 70 долари за време на аукцијата. Age of Wulin е сместена во средновековна Кина и се базира на фолклорот поврзан со боречките вештини и авантуристите кои ги практикуваат. Англиската верзија на Age of Wulin е очекувана, на почетокот како затворена бета, набрзо по започнувањето на продажбата во Кина во пролет 2012 година. [Chinese man spends $16,000 on sword for virtual martial arts game]