САД мораат да го зголемат бројот на бомбардери за да можат да се спротивстават на заканата од Русија и Кина, пишува порталот Warrior Maven повикувајќи се на шефот на стратешката команда на глобалните напаѓачки сили – Тимоти Реј, пренесува руски „Спутник“.
Според Реј, САД за да можат да се спротивстават на овие две држави „во новонастанатите услови“, мораат да го зголемат бројот на бомбардери од 156 – колку што имаат моментално, на 225 или повеќе, тврди генералот. И други високи претстаници од американското воено воздухопловство сметаат дека недостатокот од бомбардери ја доведува одбраната и целата земја во голем ризик во случај на непријателски напад, пренесуваат медиумите.
Проблемот, како што истакнуваат експертите, е уште поголем поради староста на авионите – B-1S, B-2S и B-52 се во употреба од пред повеќе децении. Вашингтон ги подобрува овие модели и тоа му овозможува долго да ги одржува во функционална состојбна, но на воздухпловните сили им се потребни нови модели, како B-21 „рејдер“, кој се очекува да се појави во 2020 година.
„Американската авијација е геријатриска сила: Има бомби, танкери и летала постари од 50 години, хеликоптери постари од 40 години и бомбардери постари од 30 години, а ѝ недостасуваат повеќе од 2.000 пилоти“, вели генерал-потполковникот Дејвид Дептула, кој е и декан на Мичел институтот за воздухопловни студии.
Проблемот со бомбардерите, според Реј, го комплицира и недостатокот на овие модели кај американските сојузници, кои не располагаат со овие класи бомбардери.
Изјавите на генералите следуваат откако во повеќе соопштенија Пентагон истакна дека американските воздухопловни сили до 2025-та година можат да заостанат зад Русија и Кина.