Видео: Најнов биланс од земјотресот во Албанија

Најмалку 105 лица се повредени во земјотресите што ја погодија вчера Албанија, информираа властите синоќа околу полноќ.

Во потресот, оштетени се 290 куќи, а на 20 станбени згради се појавиле пукнатини, пренесе агенцијата „АТА“.

На владина седница одлучено е полицијата да биде во состојба на готовност за да ја контролира ситуацијата по земјотресите кои предизвикаа најголеми штети во Тирана и Драч.

По првите земјотреси со јачина од 5,8 и 5,3 степени според Рихтер, уште еден силен земјотрес го погоди подрачјето на Албанија околу полноќ, и тоа, со јачина од 5 степени со епицентар во близина на Драч, а потоа се почувствуваа и серија послаби земјотреси.

Епицентарот на потресот се наоѓа во Јадранското море, на длабочина од 10 километри.

Повредените се сместени во болниците во Драч и Тирана.

Албанскиот премиер, Еди Рама го откажа поради земјотресите патот во Њујорк, на годишниот состанок на Обединетите Нации. Синоќа во Драч беше претседателот Илир Мета кој по средбата со градоначалникот Роланд Насто, упати апел до граѓаните да останат смирени, побара целосна координација на структурите и додаде дека е потребна претпазливост со предупредувањата што доаѓаат од релевантните структури за да се избегне каква било можна опасност. Лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша, посака брзо закрепнување на повредените а со меѓусебна солидарност и помош на Бога, напиша тој на Фејсбук „ќе ја надминеме оваа вознемрувачка ситуација“.

Италјанскиот премиер Џузепе Конте во телефонски рзговор со Рама искажал целосна солидарност и подготвеност на Италија да и помогне на Албанија во надминување на последиците од земјотресот.

Видеото ТУКА

- Реклама -